сабота, 27 јули 2024

Интер го победи Емполи со контроверзен гол од офсајд (ВИДЕО)

Интер синоќа го совлада Емполи со 2-0 и се врати на +14 во однос на Милан, но голот за водство беше контроверзен, Турам беше во офсајд на зачетокот од акцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Нероаѕурите“ ја задржаа убедливата предност од 14 бодови пред второпласираниот Милан, и само прашање на време е кога ќе го освојат Скудетото, кое ќе биде јубилејно 20-то и ќе ја донесе втората ѕвезда на дресот.

Избраниците на Симоне Инзаги синоќа го совладаа Емполи, Димарко и Алексис Санчез донесоа победа од 2-0.

Но голот за водство носи контроверзија, на зачетокот од акцијата, Турам беше во офсајд кога доби долга топка од Павар. Сепак, ВАР не се огласи, односно правилата ја спречија видео технологијата да интервенира.

Имено, Турам го загуби поседот на топката, а гостинскиот играч Берешински ја расчисти топката без да биде под притисок или опкружен од играчи на Интер, ова се смета за нова акција, па ВАР не можеше да го поништи голот на Димарко, кој убаво погоди на асистенција на Бастони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ