петок, 18 октомври 2024
Серија А

Интер го доби дербито со Рома, Турам ги донесе трите бода (ВИДЕО)

Интер со минимални 1-0 го доби дербито против Рома, но нероазурите беа значително подобри од волчицата и заслужено дојдоа до трите бода.
 

Објавено на

часот

Сподели

На овој меч Лукаку првпат играше пред навивачите на Интер по лошата разделба од клубот, напаѓачот добиваше жестоки свирежи од трибините.

Единствениот гол беше постигнат во финишот од натпреварот кога по асистенција од Димарко, Турам постигна гол за водство на Интер од 1-0, што беше и конечен резултат.

Претходно Рома се бранеше, а Интер постојано се обидуваше да дојде до водство, креираше шанси, но се до голот на Турам не успеа да ги искористи.

Рома единствената шанса ја имаше преку Кристанте во второто полувреме кога тој биеше одлично со глава, но Зомер со одлична интервенција го одбрани неговиот удар.

Интер имаше дури 19 шутеви кон голот, двапати ја погоди пречката, за разлика од трите обиди на Рома.

Интер со оваа победа се врати на врвот на табелата во Серија А каде преноќи Јувентус по вчерашниот триумф над Верона.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ