сабота, 27 јули 2024

Интер го доби дербито, прв пораз за Рома под водство на Де Роси (ВИДЕО)

Во меч со шест голови, Интер со 4-2 ја победи Рома во Рим и оствари важен триумф од тешко гостување.

Објавено на

часот

Сподели

Рома го доживеа првиот пораз под водство на Де Роси, ова беше и неговиот прв посериозен предизвик на клупата на волчицата.

Интер поведе со гол на Ачерби во 17. минута, а потоа Рома го крена нивото имаше одличен период во кој постигна голови преку Манчини и Ел Шарави и на одморот замина со предност од 2-1.

Но, работите се променија во вториот дел, Интер почна тотална доминација и брзо го сврте мечот.

По четири минути игра во второто полувреме Турам погоди за 2-2, а седум минути подоцна Ангелино даде автогол за водство на Интер од 3-2.

Во третата минута од судиското продолжение Бастони погоди за победа на Интер од 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ