сабота, 27 јули 2024

Интер ѝ даде пет гола на Монца (ВИДЕО)

Интер со фантастични 5-1 славеше на гостувањето кај Монца, тимот на Симоне Инзаги игра во голема форма.

Објавено на

часот

Сподели

Хакан Чалханоглу и Лаутаро Мартинез постигнаа по два гола, еден беше дело на Турам. Погодокот за Монца го даде Песина.

Претходно Наполи со пресврт ја совлада Салернитана, победи со 2-1 и освои три големи бода во кризен период.

Победничкиот гол беше дело на Рахмани дури во 96. минута од натпреварот. Салернитана имаше водство со гол на Кандрева во 29. минута, а изедначи Политано во судиското продолжение од првиот дел.

Во другите денешни мечеви од Серија А, Џенова и Торино одиграа без голови, Верона со 2-1 го победи Емполи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ