сабота, 27 јули 2024

Интензивно се работи на внатрешноста на храмот Свети Константин и Eлена во центарот на Скопје

Скопската  епархија при Македонската православна црква –  Охридска архиепископија, соопшти дека во изминатите шест месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје. Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, а меѓу донаторите, како што дознаваме е и бизнисменот Кочо Анѓушев.

Објавено на

часот

Сподели

Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

По повикот што го имаше лани МПЦ, Анѓушев со лична донација одлучи да помогне, не информираат од прес службата на неговата фирма Брако.
За целосно довршување на храмот, како што посочија денеска од МПЦ-ОА, ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

„Инаку, новиот храм се гради  во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години“, се вели во соопштението од Скопската епархија при МПЦ-ОА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ