среда, 22 јануари 2025

Интензивни средби во Вашингтон на премиерот Мицкоски со соработниците на претседателот Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил објави дека во Вашингтон остварил средби со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на Нијагара ботлинг, со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во светот, како и со Дан Бонгино, еден од најблиските соработници на претседателот на САД Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

Објавено на

часот

Сподели

„Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, американски бизнисмен со македонско потекло, основач и претседател на Нијагара ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област. Инвестициите на Нијагара ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша! “, напиша Мицкоски на Фејсбук.

На свеченоста „Гласови на слободата“ организирана од компаниите „Трамп медиа” и Рамбл, која се одржала по инаугурацијата, Мицкоски остварил средба со Бонгино, еден од најблиските соработници на Трамп и најпознат политички десничарски коментатор.

„Разговор во кој зборувавме за Македонија, нашите предизвици, но и можности. Нашите аргументи и позиции се јасни и нашето стратешко партнерство со САД и администрацијата на претседателот Трамп се силни. Се бориме дома за повисоки плати, пензии, нова инфраструктура, подобро здравство, поконкурентно образование, брзорастечка економија итн…, но се бориме и во Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон итн…, нашиот глас е сè посилен!, напиша премиерот Мицкоски.

Како што објави Мицкоски, тој се сретнал и со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во светот.

„Тетер е најголемата компанија во светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари. Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн- технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени, туку треба да бидеме дел од нив, за Македонија да биде повторно горда и ваша!“, објави премиерот Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ