петок, 21 март 2025

Институтот за проучување на војната: Путин намерно создава хаос

Додека Украина и Русија денес меѓусебно се обвинуваат за синоќешните напади, аналитичари тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин намерно создава хаос, искористувајќи ја моменталната неизвесна ситуација околу примирјето договорено со Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американската аналитичка група Институт за проучување на војната (ИСВ) смета дека Путин манипулира со нејаснотиите околу времето и деталите на ограниченото примирје, за однапред „лажно да го обвини Киев за кршење на договорот“, иако тој уште не е стапен на сила.

ИСВ оценува дека тврдењата на Москва дека се придржува до примирјето, додека истовремено го обвинува украинското раководство за негово кршење, се неточни, бидејќи не е постигнат официјален договор за спроведување.

„Тактиката на Путин создава забуни и префрлање на вината на Киев, дури и пред примирјето да стапи на сила, што покажува дека би можел да ги злоупотребува идните договори“, заклучува ИСВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ