среда, 22 јануари 2025

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ годинава ќе одбележи десетина јубилеи

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во 2025-та ќе одбележи неколку јубилеи кои ќе се чествуваат во текот на целата година.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Институтот, ќе бидат одбележани 80 години од усвојувањето на македонскиот правопис и од македонската азбука, 100 години од раѓањето на Трајко Стаматоски, еден од основачите на Институтот, и  75 години од првиот број на списанието „Македонски јазик“.

Исто така, во планот за чествување се и 55 години од вселувањето на Институтот во денешната зграда добиена како подарок од иселениците, како и годишнини посветени на научниците Благоја Корубин, Тодор Димитровски, Зденка Рибарова, Убавка Гајдова и Снежана Веновска-Антевска.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кој е придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најави и неколку промоции на неговите најнови проектни изданија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ