среда, 26 јуни 2024
ЦУК вели МЗ се надлежни и бара проблемот кај Детска Клиника да се реши

Институциите уште не можат да се договорат кој е надлежен за санација на урнатиот потпорен ѕид

Санацијата на паднатиот потпорен ѕид кај Детска клиника е во надлежност на Министерство за здраство, велат од Центар за управување со кризи каде денес се одржа координативен состанок за опасноста од моменталната состојба, бидејќи е ограда на еден објект од комплексот унивeрзитетски клиники.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за здравство велат дека тие воопшто не бил запознаени дека имало состанок, како и дека не им била пратена никаква покана.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравствo, Град Скопје и Општина Центар со денови не можат да решат кој е надлежен.

„Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување“, велат од Град Скопје.

Министерството за здравство треба да ја поправи оградата, а местото да се обележи како опасно за минувачите и возачите, по што, општина Центар и град Скопје да се договорат како ќе ја решат каптацијата на површинската вода од улицата Белградска што е зафат од околу 700-800 метри, но и за тоа нема буџет, односно ниту Град Скопје, ниту Општина Центар не предвиделе пари за ваков зафат.

Kога на 10 јуни се урна ѕидот, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов следниот ден рече дека со најлошо сценарио, може да дојде до рушење не само на ѕидот, туку и на дел од улицата по која минуваат возила.

„Може да дојде до поголема трагедија каде ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила под ѕидот“, појасни тогаш Ангелов.

По една недела уште не се знае кој е надлежен, ниту е отпочната санација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ