петок, 27 декември 2024

Институции кои не доставиле податоци за располагањето со службени возила се најдоа на списокот на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на својата веб страница објави листа на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила, односно располагаат со службени возила опфатени со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, до Државната комисија за спречување на корупцијата, да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат“, се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.

Согласно член 8-б став 5 од Изборниот законик, доколку горенаведените субјекти не ги достават податоците, од Државната комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека покренуваат прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

„Имајќи во предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ“, се наведува во соопштението на ДКСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ