сабота, 27 јули 2024
Последниот збор го има Чеферин

Инспекторите на УЕФА предложиле Барса да биде исфрлена од Лигата на Шампиони!

Објавено на

часот

Сподели

Во март месец, УЕФА отвори истрага против Барселона за „случајот Негреира“ и исплатените милионски суми на поранешниот потпретседател на судиите.

Како што пренесува АБЦ, инспекторите за етика и дисциплина кои ја чешлале документацијата предложиле Барселона да добие забрана за настап во Европа на една година.

Извештајот кои тие го подготвиле ќе биде испратен до Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА ќе го има последниот збор за тоа дали Барса ќе биде исфрлена од Лигата на шампиони.

Останува да се види каков потег ќе биде повлечен, ситуацијата е деликатна поради тоа што постои можност УЕФА да ја казни Барселона, па потоа „каталонците“ преку шпанските судови да ја докажат својата невиност во „случајот Негреира“ и да достават мултимилионска тужба против европската куќа на фудбалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ