Инаку, вкупно се извршени над 600 надзори низ целата држава, при што се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари.
Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците, велат од ДПИ.
Инспекторите и понатаму се на терен, и постапуваат во согласност со своите надлежности, вршат редовни и вонредни надзори и контроли.