сабота, 26 октомври 2024

Инспекторатот наведе што сè е училиштен прибор, високи се казните за трговците кои нема да го намалат профитот

Откако Владата донесе одлука за ограничување на трговската (профитната) маржа за училиштниот прибор, од Пазарниот инспекторат најавија дека од утре инспекторите ќе бидате на терен и ќе ги казнуваат трговците кои не ги намалиле цените согласно највисоката маржа од 5 отсто за трговците на големо и 10 отсто за трговците на мало.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката се однесува на следниот училиштен прибор:

– ранци и ташни;

– тетратки, блокови, нотеси, колажи;

– средства за пишување (моливи и пенкала);

– дрвени боици;

– пластелин, теста за моделирање, подлоги;

– фломастери и маркери;

– мрсни боици;

– темперни, акрилни, водени бои и четки;

– линијари и дидактички материјали;

– острилки и гуми за бришење;

– детски ножици;

– футроли, етуи и училишни додатоци;

– лепак;

– шестари, дигитрони, компаси и лупи;

– чаши за прибор и држачи;

– украсни хартија;

– папки и картонски ташни и

– материјали за изработки.

„Највисоката трговска (профитна) маржа за наведените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 5 %, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 10% и ќе се применува до 20 октомври 2024 година.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од трговците дејствува спротивно од одлуката е предвиден во Законот за трговија.  Во случај да се утврди прекршување на одлуката ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.

Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало“, се вели во соопштението на инспекторатот и се нагласува дека нема да има компромис за никого.

Инспекторатот ги повикува граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат со цел да се спречи личното профитерство и злоупотреба на граѓаните.

Пријава до Државниот пазарен инспекторат може да поднесете на 191 или на  www.dpi.gov.mk.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ