недела, 20 октомври 2024

Инспектор од Делгошти од бандера крадел струја

МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р., инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 11 јуни вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на три фази во неговата куќа во село Делгошти, Струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ