петок, 14 март 2025

Инспекциски надзор во рудникот „Булмак“ по еколошки инцидент во Крива Река

По добивање на информација за еколошки инцидент на ден 14 март, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) изврши вонреден инспекциски надзор на лице место во правниот субјект „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип, подружница Рудник Тораница во Крива Паланка. Инцидентот беше поврзан со пукањето на главниот цевковод за технолошка вода, што предизвикало излевање на заматена вода во Тораничка река, а потоа и во Крива река.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од ДИЖС, на 14 март во 6:30 часот дошло до пукање на цевката во должина од околу 6 метри, која го снабдува погонот Флотација. Поради големиот притисок и висинската разлика, водата се излеала низ индустрискиот круг и на крајот се слеала во реките, предизвикувајќи заматување на водата. Инцидентот бил забележан од страна на инспекторите на ДИЖС, Зоран Стојнев и Благој Игновски, кои вршеле инспекциски надзор, во присуство на претставници на правниот субјект „Булмак“.

Одговорните лица во рудникот известиле дека причината за заматувањето на водата е механичкото заматување на јамската вода поради работните активности во јамските простории, движењето на механизацијата и работниците. Проблемот беше решен во текот на денот, кога цевката беше целосно заменета околу 15:00 часот, со што беше елиминирана опасноста од понатамошно излевање на јамска вода.

Од ДИЖС велат дека по комплетирање на целосната инспекциска документација, ќе бидат преземени мерки и санкции согласно законската регулатива, а инспекцискиот извештај ќе биде објавен во наредните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ