„Некои од старите нереализирани препораки остануваат, но и надополнети со нови. И годинешната оценка за подготвеноста во однос на дигиталната трансформација и во однос на слободата на изразување останува 3 – умерено напреднато, како и двојка во поглед на ограничениот напредок во целокупното поглавје.
Сумирано, пораката до новото мнозинство во Собранието и до македонската Влада е дека е потребно да ги спроведат наведените европски препораки со кои ќе се забрза патот кон членствоцво европското семејство. Дополнително, Владата ќе мора да вложи напори концпоголема дигитализација на институциите и нивна поврзаност, но и поголемицреформи во медиумската сфера. Ако во минатото имало формално донесување нацакти, а немало суштинско усогласување или спроведување, овој Извештај јасно дава до знаење како да се спроведат суштинските реформи во пракса“, се вели во соопштението на ИНРЕКОМ.
ИНРЕКОМ: Извештајот за дигитализацијата на државата е подобар од лани
Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје смета дека европскиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија во поглед на поглавјето 10 за дигиталната трансформација (порано познато како информатичко општество) и медиумите, како и во делот на слободата на изразување во делот на фундаменталните права и слободи се подобри во однос на минатогодишниот извештај.
Објавено на
часот