сабота, 27 јули 2024

Иницијативата „Зелен пакет“ треба да се вклучи во образовниот процес, вели министерката Шукова

Објавено на

часот

Сподели

Министерката Шукова на денешниот настан „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод денот на планетата Земја во одоговор на новинарско прашање, рече дека МОН и другите  надлежни институции треба активно да работат на поголема вклученост на децата во програмски активности кои се од областа на заштита на животната средина.

„Треба постојано да се зборува за животната средина, бидејќи кога ќе го научите детето од најмало дека треба да ја вреднува животната средина ќе го практикува истото“, посочи Шукова.

Таа потсети на иницијативата „Зелен пакет“ и го посочи како добар пример кој треба иниституциите да го следат во иднина.

„Во оваа држава се направени материјали во однос на заштита на животната средина, не знам колку се сеќава јавноста, но во годините наназад имаше и беше промовиран „Зелен пакет“ за животна средина кој дава многу добри информации за децата и мислам дека треба да се вклучи секако во образовниот процес, но секако и сите институции особено Министерството за образование и наука, кое најактивно работи теми од животната средина, а секако и единиците на локалната самоуправа, како дел од нивните надлежности за заштита на животната средина треба во своите програмски активности постојано да ги вклучуваат децата за да можат што повеќе да научат за животната средина и потоа и сите нас да не потсетуваат дека треба да се грижиме за заштитата на животната средина“, изјави министерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ