среда, 16 октомври 2024

Иницијативата за мароканскиот суверенитет на Сахара добива поддршка

Минатиот петок кралот Мохамед VI претседаваше со отворањето на првата сесија од четвртата законодавна година на 11-тиот парламент во Рабат. Во оваа прилика кралот одржа говор пред членовите на двата дома на Парламентот, осврнувајќи се на најновите случувања во врска со мароканското прашање за Сахара, нешто „што сите Мароканци го сметаат за нивна прва национална кауза“.

Објавено на

часот

Сподели

Кралот потсети дека со неговото доаѓање на тронот тој ја потврди својата цврста намера фазата на управување да ја претвори во динамика на промени, и внатрешно и надворешно, покривајќи ги сите аспекти на прашањето (социјален, економски и културен развој), позиционирајќи го регионот како оска на комуникација и размена.

Мароко ја врати иницијативата за прашањето на Сахара на меѓународната сцена иницирајќи нова динамика на промени.

Пристапот на кралот Мохамед VI со текот на годините вроди со плод, што се манифестираше со изолација на сахарскиот сепаратистички ентитет на меѓународната сцена; 164 од 193 земји-членки на ОН повеќе не го признаваат, што претставува 85% од меѓународната заедница. Повеќе од 112 земји, меѓу кои и дел од африканските земји, ја поддржуваат иницијативата за автономија на Сахара под марокански суверенитет. 28 земји и една регионална организација (Организација на источните карипски држави-ОЕЦС) отворија генерални конзулати во Лајоун и Дахла, со што ја изразија својата поддршка за мароканскиот суверенитет.

Во последните години и во Европа еволуираше широката поддршка за иницијативата за автономија на мароканскиот дел на Сахара, вклучувајќи го мнозинството земји-членки на ЕУ.

Во оваа насока кралот Мохамед VI ја изрази својата „длабока благодарност до Франција и до претседателот Емануел Макрон за неговата отворена поддршка на мароканска Сахара“. Француската позиција одигра одлучувачки чекор во исполнувањето на заложбите на кралот, и создаде услови исклучителното партнерство меѓу двете земји да добие нова димензија.

Како постојана членка на Советот за безбедност на ОН и етаблиран влијателен фактор на меѓународната сцена, одлуката на Франција според која иницијативата за автономија на Сахара претставува единствена основа за решавање на овој вештачки регионален конфликт, произлегува од нејзиното суштинско познавање на природата и основите на овој регионален конфликт. Париз длабински го знае прашањето, и историски и правно, и подобро од кој било ја знае автентичноста на правата на Мароко.

Овој меѓународен моментум на поддршка на мароканскиот суверенитет на Сахара ја вклучува и поддршката од важни земји како што се Соединетите Држави и Русија. Мароканската Сахара сега е во центарот на стратешките континентални иницијативи што ги започна кралот, како на пример гасоводот Мароко-Нигерија, процесот на формирање на Кралот Мохамед VI повика на континуиран ангажман за објаснување на позицијата на Мароко на земјите кои и понатаму се колебаат и ја истакна улогата на парламентарната и партиската дипломатија во овој процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ