сабота, 22 март 2025

Иницијатива „Нула“ бара одговорност од судиите и обвинителите за кочење на правдата

Група млади лица од Тетово кои се идентификуваат како иницијатива „Нула“ денеска пред зградата на Основниот суд Тетово и Обвинителството оставија противпожарен апарат со кој симболично ја потенцираат важноста од потребата за правда во трагичните случаи кои ги доживеавме и во Тетово и во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Претставниците на иницијативата рекоа дека противпожарните апарати се потребни затоа што објектите во државата лесно страдаат во пожари, а задачата на обвинителите и на судиите е да ја разоткријат вистината.

„Виновниците треба да се зад решетки, вистинските виновници и тие што се одговорни за трагедијата во Кочани каде што загинаа 59 млади. И за пожарот во модуларната болница во Тетово каде што загинаа 14 наши граѓани. За несреќата со Беса транс во Бугарија каде загинаа 45 граѓани. За несреќата со Дурмо турс во Ласкарци, каде  загинаа 16 граѓани… и за многу други трагедии за кои до денес нека никаква казна. Исто така, должност е да се бара одговорност и од судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата во овие и во многу други случаи. Граѓаните во оваа држава сакаат да имаат вистинска правда и сакаат да гледаат правда што вистински функционира, пред да бидат принудени сами да ја земат правдата во свои раце“, изјави Бленди Ходаи од иницијатива „Нула“.

„Ја информираме јавноста дека в понеделник од 12 и 30 часот ќе се собереме пред плоштадот во Тетово и ќе протестираме против Основниот суд во Тетово за сите трагедии што се случија – и за Кочани и за пожарот во модуларната болница и ќе бараме одговорност. Заради тоа што правдата не може и не смее да биде во сенка, а мора да има одговорност за сите случаи за тоа. Ние како граѓани во Тетово за тоа ќе протестираме,  тоа е нашата должност како граѓани“, истакна Ходаи.

Претставниците на иницијатива „Нула“ велат дека ги иницираат активностите за да не се случуваат трагедии кои за кои корупцијата и неказнивоста од институциите се заедничко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ