петок, 20 септември 2024

Информатичари средношколци од 15 земји од денеска на Олимпијада во Охрид

Во Охрид од денеска до 26 септември ќе се одржува 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ) што ја организира Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ).

Објавено на

часот

Сподели

Балканската олимпијада е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Годинава, на БОИ 2024 ќе има учесници од 15 земји –  Македонија, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Словенија, Молдавија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Турција, Црна Гора, Италија, Украина и Саудиска Арабија.

Според проф. д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, БОИ 2024 е натпревар меѓу новите генерации информатичари, но истовремено и платформа во чии рамки младите умови се здружуваат, се запознаваат со различни култури, се дружат, се вмрежуваат и разменуваат искуства од сферата на информатиката и иновациите.

Поддржувач и пријател на БОИ е Сорсикс (Sorsix), една од водечките ИТ компании во земјава, која додели ваучери за платена пракса за осуммината македонски учесници.

Фото: ЗИМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ