сабота, 27 јули 2024

Инфлацијата во Турција блиску до 65 отсто

Годишната инфлација во Турција во декември изнесувала речиси 65 отсто, достигнувајќи нов максимум во 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот пазарно ориентиран економски тим на претседателот Реџеп Таип Ердоган очекува инфлацијата да почне да паѓа од речиси рекордното ниво во рок од четири месеци.

Во октомври 2022 турската инфлација беше на повеќедецениски рекорд од 85 отсто, по што почна да паѓа, пред повторно да почне да расте.

Официјалната годишна стапка на инфлацијата во Турција порасна на 64,77 во декември, од 61,98 отсто во ноември.

Сепак, меѓумесечниот раст од 2,93 отсто е најмал во последните шест месеци.

Аналитичарите го обвинуваат Ердоган – кој за високите камати кажа дека се „мајката и таткото на секое зло“ – дека ја почнал спиралата на инфлацијата присилувајќи ја номинално независната централна банка да ги намалува трошоците на задолжување.

Тој го смени курсот откако победи на тешките избори во мај минатата година и го именуваше економистот Мехмед Шимшек за министер за финансии, а поранешната директорка од Волстрит Хафизе Гаје Еркан на чело на централната банка.

Централната банка ја подигна од тогаш референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 42,5 отсто, и покрај аверзијата на Ердоган кон високите трошоци на задолжување.

Ердоган ја поддржа новата програма на економскиот тим, правејќи голем пресврт во економската политика по повеќе од две децении на власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ