четврток, 24 октомври 2024

Инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти, а цените на мало се зголемиле за 4,9 проценти, објави ДЗС

Објавено на

часот

Сподели

Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 проценти, лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 1,8 проценти, рибата и морските плодови, млекото за 0,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, …..

Пораст е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт, електричната енергија, услугите за сместување, домашните услуги и услугите за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување….

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,8 проценти, маслото и маснотиите за 3,6 проценти, жестоките пијалаци за 0,9 проценти…

Падот на стапката на инфлација продолжува и во месец јули 2023 кога е измерен раст на трошоците за живот од 8,4 проценти, и како што и беше најавувано изминативе неколку месеци, Владата максимално посветено работи со сите расположливи мерки истата да ја сведе на минимум до крајот на оваа календарска година, со цел да го заштити стандардот на граѓаните, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на фејсбук.

„Овие бројки се во согласност и со владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 да изнесува 8,9 проценти. Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис клима, каде компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот“, наведува Битиќи.

Вицепремиерот очекува растот на просечната плата и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки и да биде значително над растот на трошоците на живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ