сабота, 27 јули 2024
Министерот за економија со изјава

Инфлацијата ќе падне на 5 отсто, најавува Бектеши и смета дека земјава има најевтина храна и гориво

Објавено на

часот

Сподели

„Иако од октомври до март, разликата меѓу месеците во делот на трошоците за живот на цени на мало, посебно на храната и безалкохолните пијалоци се одвиваше од околу два отсто, само споредбено од март и април оваа година, имаме речиси повеќе од двојно намалување споредбено со другите месеци. Имаме намалување само за еден месец од 5,2 отсто во делот на трошоците на живот на мало за храна и безалкохолни пијалоци“, посочи Бектеши.

Министерството за економија, рече Бектеши, секојдневно ги следи случувањата во делот на утврдување на цените и во трговијата на големо и во трговијата на мало, а паралелно на тоа, не се укинати ниедна од мерките во делот на поддршката на стопанството со цел да се зголеми нивната продуктивност, да се зголеми производството, но и конкурентноста.

Во однос на цените на прехранбени производи, Бектеши најави дека Министерството за економија ќе продолжи да оддржува консултации со сите стопански комори, Организацијата на потрошувачи и со сите засегнати страни во делот на дизајнирање на нови мерки на поддршка, посебно на најранливите категории на граѓани.

„Само од октомври 2022 до крајот на април годинава, имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава“, рече Бектеши.

Според него, цените на суровините и цените на енергенсите се на ниво на кое можат дополнително да се намалуваат, а Владата, како што рече, почнува процес на консултации за дизајнирање на нови мерки со цел да им излезе во пресрет на најранливите категории на граѓани.

Контролите на зелените пазари и кај увозниците на овошје и зеленчук ќе продолжат, граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности, порача Бектеши.

Како што информираше на прес-конференцијата во Владата, поднесени се три кривични пријави за увзонциите на овошје и зеленчук од страна на Финансиската полиција, а има и десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

„Не би сакал да ги кажам имињата бидејќи тоа е работа на Обвинителството и на судството. Веќе се доставени кривичните пријави до Обвинителството. Има десетина прекршочни пријави од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. Контролите ќе продолжат, а ги повикувам и граѓаните да пријавуваат доколку мислат дека има нерегуларности“, рече Бектеши.

Тој ги повика инспекторите да ја вршат својата работа, но и им се заблагодари што иако се во мал број  го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата.

„Ги повикувам инспекторатите да ја завршат својата работа, иако јавно морам да кажам и да им се заблагодарам на секој инспектор, посебно на Државниот пазарен инспекторат, кои и во време на пандемија, иако со толкав број кој не надминува 160 инспектори во целата држава, упорно 24 часа на ден работеа, со цел да го контролираат спроведувањето на мерките што ги носи Владата“, рече Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ