недела, 19 јануари 2025
Седница на Економско-социјалниот совет

Инфлацијата главен параметар за раст на платите, а функционерите да го вратат покачувањето, побараа синдикатите

Објавено на

часот

Сподели

На седницата во Владата биле присутни вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, претставници на синдикатите – членови на економско-социјалниот совет, нерепрезеентативните синдикати  и претставници на институциите.

ф

„На седницата беа презентирани нови симулации согласно претходно предложениот пораст на плати од страна на претставници на синдикатите. По дадените предлози беше отворена конструктивна дискусија меѓу присутните. Социјалните партнери се договорија понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите  во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС. Целта на Владата е креирање на праведен и одржлив систем од кој секој добива и  воспоставување на методологија иста за сите вработени во јавниот сектор“, се вели во соопштението од министерството.

с

Новиот претседател на ССМ Слободан Трендафилов по седницата на новинарите им изјави дека синдикалното барање е да биде пресметана ланската инфлација и да се земе регрес за годишен одмор. 

д

„Тоа што ние предложивме е инфлацијата која минатата година беше 14,5 проценти да биде основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите“, рече Трендафилов.

Синдикатите бараат враќање на платите на функционерите, а зголемувањето да биде исто за сите.

Трендафилов рече дека има поместување од „мртва точка“ од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки.

„Прифатлив е моделот од две и пол години, за да добиеме методологија како во делот на минималната плата, со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност, по истекот на две и пол години“, рече Трендафилов.

ССМ смета дека ако од септември се случи тоа, да почне примената на општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати ќе треба да се вратат пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците.

Според лидерот на ССМ, дискусијата одеше на тоа дали да се земе зголемувањето на минималната плата од 12,55% или да се земе зголемувањето на просечната плата од 10,9%, а како што нагласи, со 12,55 отсто и со исплата на регресот, би можеле да се компензираат трошоците што ги имале вработените поради инфлацијата.

Во среда ќе разговараме со Министерството за финансии за можностите за решение, рече Трендафилов.

Вицепремиеротг Битиќи пак, изјави дека не е јасно откаде синдикатите извадија 14-процентно покачување и додаде дека се разговарало практично и за зголемување поголема отколку што била инфлацијата.

б

„Методологијата се базира на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека дискусијата за платите на функционерите не е работа на дискусија. Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат денеска беше даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме“, нагласи Битиќи по денешната негова посета на компанијата за производство на сладолед, Нехо Исн од Скопје.

ф

Инаку, пред состанокот министерот за финансии Фатмир Бесими изнесе резерва кон барањето на синдикатите, потсетувајќи дека платите во буџетот тежат 960 милиони евра, а дека зголемувањето на платите за 10 проценти би значело уште 100 милиони евра. „Треба да утврдиме какви ни се капацитетите“, рече Бесими.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ