среда, 19 јуни 2024

Инфинити пауер потпиша меморандум со Kопелузос груп за обновлива енергија

Објавено на

часот

Сподели

Проектот GREGY – Green Energy Interconnector вклучува електрична интерконекција на Египет директно со континентална Грција преку подморски кабел со капацитет од 3.000 MW и можност за двонасочен пренос на енергија. Проектот GREGY ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет до Грција и преку Грција до Европа, со што ќе даде одлучувачки придонес во справувањето со климатските промени и ефектот на стаклена градина со значително намалување на емисиите на CO2.

Неопходните проекти за обновлива енергија со капацитет од околу 9,5 GW ќе бидат потребни за максимално искористување на GREGY. Проектот ќе обезбеди алтернативни чисти и обновливи извори на енергија и рути за Европа, со што ќе се намали зависноста на континентот од енергијата произведена од фосилни горива.

Меморандумот за разбирање предвидува формирање на uправен комитет, составен од три члена, за да ги координира дискусиите, да разменува информации и да води преговори. Преку нивната соработка, страните ќе настојуваат да ја искористат својата експертиза, искуство и техничко, комерцијално и финансиско знаење, за брз развој, имплементација и успешно функционирање на проектите за обновливи извори на енергија.

Меморандумот за разбирање следи по договорот потпишан минатата година меѓу ОАЕ и Грција, за време на посетата на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на Абу Даби, за воспоставување инвестициска рамка во вредност од 4 милијарди евра, помеѓу ADQ и Грчката банка за развој (HDB), Националната развојна банка на Грција и Грчката развојна банка за инвестиции (HDBI).

Мохамед Исмаил Мансур, претседател на Infinity Power, рече: „Многу сме возбудени што работиме заедно преку ова партнерство и очекуваме силен потенцијал за взаемна корист и соработка преку заеднички развој на проекти за обновливи извори на енергија во Египет и трансфер преку проектот за подморски пренос (GREGY) на произведената зелена енергија во Европа. Овој проект е извонредна можност за Египет да има корист преку економскиот развој и растот на приходите. Проектот ќе ја зајакне и енергетската безбедност на земјата и ќе биде клучен потфат во промовирањето на меѓународната соработка. Со снабдување со обновлива енергија во Европа, ние не само што ја зајакнуваме сопствената економија, туку и се позиционираме како клучен играч на глобалниот енергетски пазар. Овој проект совршено се усогласува со нашата визија за одржлива иднина за светот“.

Најер Фуад, извршен директор на Infinity Power изјави: „Ова партнерство отвора поголеми патишта за аспиративни цели и пресвртници за нас. Не само што придонесуваме за реализација на аспирациите на COP27, туку го предводиме и движењето кон COP28, со тоа што се етаблираме како значаен снабдувач на зелена енергија, надвор од Африка. Придобивките од проектот за подморски пренос меѓу Египет и Грција се далекусежни. Не само што зелената енергија произведена од заеднички развиениот проект за обновливи извори на енергија ќе ја зајакне енергетската безбедност на Египет и ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, туку и ќе генерира работни места и значителен раст на приходите. Нејзиното пренесување преку GREGY во Грција и Европа, исто така, ќе ги поддржи земјите од ЕУ да постигнат енергетска безбедност и декарбонизација. Проектите ќе го промовираат и развојот на обновливите извори на енергија во земјата и ќе ја поддржат транзицијата кон поодржлив енергетски систем“.

Христос Копелузос, претседател и извршен директор на Copelouzos Group коментираше: „Среќни сме што влегуваме во Меморандум за разбирање со Infinity Power за проценка на можноста за соработка во развојот на еден од најголемите проекти за зелена енергија во Источниот Медитеран за производство на зелена енергија што ќе се пренесе преку GREGY во Грција и преку Грција до Европа. На овој начин можеме да ја поддржиме Европа во нејзините напори за постигнување енергетска диверзификација и безбедност и побрзо постигнување на Fit-55 и елиминација на целите за емисија на CO2“.

Infinity Power е заедничко вложување помеѓу египетската Infinity и Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) за насочување на проектите за производство на електрична енергија преку обновливи извори на енергија, односно соларни и ветерни технологии на комунално ниво, како и комерцијални и индустриски размери во Африка. Infinity Power ги обединува силните искуства на двете компании во развојот и работењето со средства за обновлива енергија.

Со тековните проекти лоцирани во Египет, Јужна Африка и Сенегал, Infinity Power има за цел да ги прошири своите операции на пазарите во сите 54 африкански земји, обезбедувајќи електрична енергија на сите локации во Африка, на кои струјата им е  најпотребна. Вкупниот капацитет на оперативните проекти на Infinity Power е 1,3 GW, што е еднакво на намалување за повеќе од 3 милиони тони емисии на CO2 годишно со користење на конвенционално производство на електрична енергија. Компанијата има и 13,8 GW проекти во подготовка во различни фази на развој.

Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција со различни активности, специјализирана за стратешки сектори на економијата и индустријата како инфраструктурен инвеститор и целосно интегрирана организација за развој на бизнисот специјализирана за сектори за стратешки економски развој, каде што нејзината експертиза и знаење тоа го овозможуваат тоа. Компанијата игра клучна улога во конципирањето, развојот и спроведувањето на големи и технички предизвикувачки, индустриски, технолошки и други инфраструктурни проекти. Основните деловни области на Групацијата се енергетски проекти, електрани, природен гас, обновливи извори на енергија, развој и менаџмент на аеродроми, недвижнини, градежништво, туризам, изложбени и конгресни центри и отворено рекламирање. Меѓу другото, Групацијата го развива проектот GREGY-Green Energy Interconnection.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ