сабота, 27 јули 2024
ФИФА ја отфрли можноста за воведување на син картон во фудбалот

Инфантино: Црвен картон за синиот картон

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја отфрли можноста за имплементација на синиот картон во фудбалот.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународната фудбалска комисија задолжена за правилата во овој спорт, неодамна објави предлог за воведување на син картон во фудбалот.

Беше предвидено синиот картон да носи исклучување од 10 минути за фудбалерот кој ќе го добие, а би бил доделуван за груб фаул или покажување непочитување кон судијата.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино децидно го отфрла овој предлог, вели дека нема шанси да се воведе.

„Оваа тема воопшто не се наоѓа на нашиот дневен ред. Комисијата може да предлага, но ставот на ФИФА е јасен, ние сме против син картон. Имаме почит за предолозите кои ни се доставени, но мора да се има во предвид и традицијата во овој спорт и правилата кои долго време важеле. Син картон во фудбалот нема да се случи. Ако ви треба наслов, еве ви еден: Црвен картон за синиот картон“, рече Инфантино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ