сабота, 19 октомври 2024

Индустриското производство во мај зголемено, зголемен е и бројот на работници во индустријата

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст од 8.6 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 5.3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај енергија за 2.7 отсто, капитални производи за 7.2 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 20.4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.2 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 5.7 отсто.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи опаѓање од 2.2 отсто, во секторот преработувачка индустрија пораст од 1.3 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.0 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај капитални производи за 12.1 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 5.2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 5.8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 отсто.

Во периодот јануари – мај 2023 година, во однос на јануари – мај 2022 година, бројот на работници цо индустријата е зголемен за еден отсто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ