Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0,5 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 5,8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,8 %.
Во април годинава, пак, во однос на април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26,9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 29,4 %, Капитални производи за 74,6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,6 %.