четврток, 24 октомври 2024

Индискиот премиер побара од Зеленски да преговара со Русија

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска во Киев апелираше до украинскиот претседател Володимир Зеленски да седне на преговарачка маса со Русија за да ѝ се стави крај на војната во Украина и понуди како пријател да помогне во воспоставувањето мир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Патот до решение може да се најде само преку дијалог и дипломатија. И ние треба да се движиме во таа насока без да губиме време. Двете страни треба да седнат заедно за да најдат излез од оваа криза“, рече Моди.

„Сакам да ве уверам дека Индија е подготвена да игра активна улога во сите напори за мир. Ако можам лично да имам каква било улога во тоа, ќе го сторам тоа, ве уверувам како пријател“, додаде тој.

Зборувајќи денеска во своето редовно обраќање до нацијата по завршувањето на посетата, Зеленски рече: „За нас е важно Индија да остане посветена на меѓународното право и да ги поддржува нашиот суверенитет и територијален интегритет“.

Индија, која традиционално има блиски економски и одбранбени односи со Москва, јавно ги критикува страдањата на невините луѓе во војната, но и ги зајакнува економските врски со Москва.

Украина посочува дека сака да ѝ стави крај на војната, но под свои услови, а не под руските. Киев сака кон крајот на годинава да се одржи втор меѓународен самит за војната во Украина, на кој би учествувале и претставници на Русија.

Русија не беше поканета на првиот самит, кој се одржа во Швајцарија во јуни. Присутна беше Индија, но не и Кина. Зеленски побара од Моди да ја потпише завршната изјава од самитот, што Индија не го стори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ