вторник, 22 октомври 2024

Индиски доктори стапија во штрајк по силувањето и убиството на докторка во болница (ВИДЕО)

Индиски доктори стапија во 24-часовен штрајк во знак на протест поради бруталното силување и убиство на докторка во источниот град Калкута.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на штрајкот, кој започна во шест часот по локално време, ќе се вршат само итни процедури, соопштено е од лекарската комора.

Докторката (31) била силувана и убиена минатата недела во просториите на медицинската поликлиника и факултет во Калкута каде што работела, што предизвика протести на докторите ширум земјата и потсети на групното силување и убиство на 23-годишна студентка во автобус во Њу Делхи во 2012 година.

Гневот што строгите закони не доведоа до намалување на насилството врз жените ги поттикна демонстрациите на лекарите и женските здруженија.

„Жените се мнозинство во нашата професија во земјава. Секогаш баравме и секогаш ќе бараме да бидат безбедни“, рече претседателот на комората Р. В. Асокан.

Во штрајкот се очекува да учествуваат повеќе од милион лекари и друг медицински персонал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ