сабота, 27 јули 2024

Индиската вселенска програма почна со истражување на црните дупки

Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) почна со мисија за истражување на црните дупки со помош на нова вселенска опсерваторија. Шефот на ИСРО Средхара Соманат објави денес дека лансирањето на ракетата носач од вселенскиот центар Срихарикота било успешно.

Објавено на

часот

Сподели

Индискиот телевизиски канал НДТВ извести дека производството на сателитот, за кој се очекува да има работен век подолг од пет години, чинело околу 2,5 милијарди рупии (околу 27 милиони евра). Тоа е многу помалку од тоа што американската вселенска агенција НАСА го потроши на сателит за слична мисија.

Индија има сè поамбициозни вселенски планови. Неодамна премиерот Нарендра Моди кажа дека сака неговата земја за прв пат да испрати астронаут на Месечината до 24 и дека до 2035 година ќе биде поставена првата индиска вселенска станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ