Индискиот телевизиски канал НДТВ извести дека производството на сателитот, за кој се очекува да има работен век подолг од пет години, чинело околу 2,5 милијарди рупии (околу 27 милиони евра). Тоа е многу помалку од тоа што американската вселенска агенција НАСА го потроши на сателит за слична мисија.
Индија има сè поамбициозни вселенски планови. Неодамна премиерот Нарендра Моди кажа дека сака неговата земја за прв пат да испрати астронаут на Месечината до 24 и дека до 2035 година ќе биде поставена првата индиска вселенска станица.