сабота, 19 октомври 2024

Индира: Не се задоволуваме само со пласманот во втората рунда

Објавено на

часот

Сподели

Индира во Ниш се дружеше и со уште еден голем македонски навивач – Веселин Вујовиќ

„Гледате ли до каде стигна Србија благодарение на голманот Станиќ? Одбраната е најважна. Со добар амбиент од публиката како што беше во Ниш, Македонија може и во Белград да им се радува на победи. Во втората фаза веќе нема изненадувања – сите што поминале во вториот круг заслужиле да бидат таму. Ќе биде интересно на дуелот Србија, јас веќе резервирав влезници. Сè ќе зависи од тоа дали тие бодови ќе ѝ требаат на Србија. Ако завршат работа со Германија, тогаш може да одмораат играчи и да не форсираат многу и тоа може да биде плус за нас. Може и да се договориме со нив“, рече на шега Кастратовиќ.

„За сè да биде таман, треба да се оди чекор по чекор од натпревар во натпревар. Верувам дека ќе издржат нашите. Јас бев долу на теренот и знам како е. Едноставно забораваш на сите работи, даваш максимум, гинеш на терен. Игравме рамноправно со Шведска, Германија, ја победивме Чешка, па зошто да не го сториме тоа и против Данска“, оптимист е Индира, но и предупредува дека не треба да им се создава притисок на играчите.

„Од горе од трибините сите се стручњаци, па си земаат право да оценуваат дека овој играл вака или онака, дека требало да шутира или да не шутира“, дополнува нашата најуспешна ракометарка на сите времиња.

За Кастратовиќ, најпријатно изненадување на ова првенство е пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Стоилов ja воодушевил Кастратовиќ

„Ме воодушеви Столе на овие мечеви, имаше неверојатен настап на овие три меча – играше по 60 минути против Шведска и Германија, малку го замени Ванчо Димовски со Чешка, но комплетно гледано, „малиот“ одигра многу добро. Пријатно ме изненади и Дејан Манасков од помладите. Миркуловски беше извонреден против Чешка – одигра навистина мајсторски. Веројатно не очекуваа толку од него, па ја искористи шансата“, вели Индира.

Неа вчера ја сретнавме на половина пат од Ниш кон Белград. Патуваше со својата ќерка Сара, а во Белград ја чекаше сопругот Зоран, кој тука присуствува на семинарот за тренери на ЕХФ. Тројцата ќе бидат во Белград за време на вториот круг – тие се вистински пример за спортско навивачко семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ