Шпигел, германски неделен информативен магазин, на овој начин се осврна на веста дека Индија ја престигна Кина и стана најнаселена земја во светот. Индијците на Твитер го обвинија списанието дека е заглавено со застарена перцепција за Индија и не го препознава напредокот што земјата го постигна во последните децении, пишува Би-би-си.
„Без оглед на вашиот обид да се исмевате со Индија, не е паметно да се обложувате против Индија под премиерот Нарендра Моди. За неколку години економијата на Индија ќе биде поголема од германската“, напиша министерот Рајев Чандрасехар на Твитер. Канчан Гупта, висок советник во Министерството за информации и радиодифузија, рече дека карикатурата е „невидено расистичка“.
Dear Cartoonist at @derspiegel
Notwithstanding ur attmpt at mocking India, its not smart to bet against India under PM @narendramodi ji ??In a few years Indias economy will be bigger than germany’s ??#NewIndia pic.twitter.com/Evzooqfc2J
— Rajeev Chandrasekhar ?? (@Rajeev_GoI) April 23, 2023
Друг корисник на Твитер рече дека карикатурата го покажува „елитниот начин на размислување“ на списанието. Списанието не одговори на критиките. Иако пренатрупани возови сè уште може да се забележат во многу делови на Индија, направени се значителни инвестиции за подобрување на железничката мрежа на земјата и нејзините возови.
Карикатурите објавени од западните медиуми и претходно предизвикувале бес во Индија. Њујорк Тајмс се извини во 2014 година за карикатурата за индиската мисија на Марс, откако читателите се пожалија дека ја исмејува Индија.
Карикатурата покажа фармер со крава како тропа на вратата од собата означена со „Елит спејс клуб“ каде двајца мажи седат и читаат весник. Тоа беше објавено откако Индија успешно ја испрати роботската сонда Мангалијаан во орбитата околу Марс.