сабота, 27 јули 2024

Индијана го исфрли Милвоки, Њујорк ја помина Филаделфија (ВИДЕО)

Познати се уште два патници во следното коло од плејофот, Индијана ја доби серијата со Милвоки откако синоќа славеше со убедливи 120-98, а Њујорк беше подобар на гостувањето кај Филаделфија со 118-115.

Објавено на

часот

Сподели

Индијана без проблеми дојде до триумф против Милвоки, ги доби сите четвртини и славеше со убедливи 120-98. Со што ја доби серијата со 4-2.

Кошаркарите на Индијана одиграа тимски соврешен меч па никој не се истакна со многу поени. Најефикасен беше Топин со 21 поен, Меконел постигна 20. Во составот на Милвоки, Лилард реализираше 28 поени.

И Њујорк помина со 4-2, тие беа подобри од Филаделфија. Синоќа одиграа неизвесен меч кој го добија со три поени разлика, беше 118-115.

Брансон беше најдобар со 41 поен и 12 асистенции, најдобар кај Филаделфија беше Ембид со 39 поени и 13 скокови.

Токму Њујорк и Индијана ќе се сретнат во полуфиналето на истокот.

Резултати:
Индијана – Милвоки 120-98 (4-2)
Филаделфија – Њујорк 115-118 (2-4)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ