недела, 3 ноември 2024

Индија откри уште токсични сирупи поврзани со смртта на 141 дете низ светот

Индискиот регулатор за лекови утврди дека сирупот против кашлица и сирупот против алергија што ги произведува Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако сирупите против кашлица од индиско производство беа поврзани со 141 починато дете низ светот.

Објавено на

часот

Сподели

Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикаа смртни случаи во Гамбија, Узбекистан и Камерун од средината на минатата година.

Х.Г. Кошија, комесар на Управата за храна и лекови во индиската држава Гуџарат, изјави денеска за Ројтерс дека минатиот месец спровеле инспекција на фабриката Норис и наредиле да го прекине производството. Норис не одговори на барањето за коментар.

Индискиот федерален регулатор за лекови ЦДСКО откри дека три пратки со сируп „Колд аут“ произведен од индиските лаборатории Фоуртс исто така биле контаминирани со споменатите хемикалии.

Светската здравствена организација (СЗО) во август објави дека пратка од тој сируп продадена во Ирак имала неприфатливо ниво на овие хемикалии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ