четврток, 19 септември 2024

Индија го одби барањето на САД за забрана на РТ – не поддржуваат еднострани санкции кои не се одобрени од ОН

Индиската влада одби да попушти пред повторниот напад на Вашингтон на руските медиуми, пишува Хинду повикувајќи се на дипломатски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги претстави минатата недела новите санкции против руските медиуми, вклучувајќи ја РТ, која ја обвини дека „функционира како фактичка рака на (руската) разузнавачка служба“.

Блинкен наведе дека новинската мрежа се обидува да ја поткопа демократијата во САД и на други места и да ја наруши глобалната поддршка на Украина, и ги повика другите земји да се придружат на нападот врз руските медиуми „во заедничка дипломатска кампања“.

„Го повикуваме секој сојузник, секој партнер, да почне така што ќе ги третира активностите на РТ исто како и другите разузнавачки активности на Русија во своите граници“, кажа Блинкен.

Њу Делхи не даде никаква официјална реакција на повикот. Во приватни разговори, меѓутоа, индиски дипломати кажале дека таа земја не поддржува еднострани санкции кои не ги вовеле Обединетите нации и дека ќе продолжи да води независна надворешна политика, пренесува Хинду.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ