четврток, 12 декември 2024

Индиецот Домарају Гукеш стана најмладиот светски шаховски првак во историјата

Индискиот тинејџер, 18-годишниот Домарају Гукеш испиша историја откако го доби дуелот за светската титула кој се одржа во Сингапур и стана најмладиот шахист кој го направил тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја доби и 14. партија против Лирен Динг од Кина со 7,5-6,5 со што ја освои светската титула како најмлад досега.

Колку е импресивен успехот на Гукеш говори фактот дека претходно најмлад светски шампион беше Каспаров на 22 години, Индиецот тоа го направи четири години порано.

Гукеш оваа година освои и златен медал на шаховската Олимпијада каде триумфираше со селекцијата на Индија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ