петок, 18 октомври 2024
Имал голема причина за тоа

Инцидент по мечот: Валверде го чекал Баена на паркинг и му удрил бокс

Објавено на

часот

Сподели

По натпреварот, Валверде го чекал Баена на паркингот каде што бил автобусот на Виљареал и кога го дочекал му удрил бокс во лицето.

Во Виљареал имаат видео од инцидентот кое го предале во полиција.

Но, шпанските медиуми ја објаснуваат причината за инцидентот, Валверде имал голем мотив да го удри Баена.

На претходниот меч меѓу Виљареал и Реал Мадрид, Баена го удрил Валверде и му рекол „плачи сега дека твојот син нема да биде роден“. На вчерашниот меч повторно му кажал нешто слично. Границата на толерантност била надмината, па Валверде решил да го почека на паркинг и физички да се пресмета со Баена.

Инаку, на почетокот од годината се стравуваше дека сопругата на Валверде, Мина Бонино ќе го загуби нивното второ дете во текот на бременоста. Сепак работите се променија, сега се е во ред и фудбалерот на Реал Мадрид наскоро треба да добие ново дете. Меѓутоа непристојните зборови на Баена силно го здоболеле, што не можел да ги игнорира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ