петок, 24 јануари 2025

Инцидент во Нов Белград: автомобил влета меѓу насобраните граѓани и повреди студентка (ВИДЕО)

Непознато женско лице удри студентка на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград откако со своето возило влета меѓу насобраните граѓани. Полицијата во цивилна облека, која ги придружуваше учесниците на протестот во Нов Белград, ја запре жената, која се обиде да побегне.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Таа со својот ситроен ги удира редарите во почетокот на колоната, а потоа продолжува понатаму, удирајќи уште неколку од нив.

Жената што го управувала автомобилот исфрлила неколку редари на страна, а повредената девојка ја носела на хаубата, пренесе Н1.

Како што јави репортерот на Фонет, девојката е тешко повредена, свесна е и ја лекува екипа на Брза помош.

Денеска во Србија има генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавија претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… На штрајкот се одѕваа и синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.

Граѓаните денеска се собираат во градовите низ Србија за да ги поддржат барањата на студентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ