Третиот ден од Европското првенство во Германија го донесе и првиот посериозен инцидент.
Во пресрет на натпреварот помеѓу Полска и Холандија, полицијата пукала во маж кој се секира во рацете им се заканувал на навивачите на „лалињата“ во близна на една од фан зоните.
Се говори дека во прв момент бил употребен солзавец, а потоа биле слушнати и неколку истрели. Полицијата се решила на ваков чекор откако било забележано дека мажот во ранецот носи молотов коктел.
Euro 2024: Man shot by Hamburg police after axe attack. Just before Poland-Netherlands match. The man is injured and hospitalised. pic.twitter.com/9z4c7OPWWU
— Imtiaz Mahmood (@ImtiazMadmood) June 16, 2024