Денвер водеше во текот на целиот натпревар, го имаше резултатот под контрола, во финишот од третата четвртина имаа предност и од 24 поени разлика, на крајот славеа со 104-93.
Јокиќ беше импресивен, уште во првото полувреме имаше десет асистенции. Српскиот кошаркар дојде до трипл-дабл учинок постигнувајќи 27 поени, 10 скокови и 14 асистенции.
Никола Јокиќ стана вториот играч, по Леброн Џејмс кој во последните 25 години на полувремето на еден финален меч имал 10+ поени и 10+ асистенции. Стана осмиот кошаркар во историјата, кој направил трипл-дабл на почетокот на едно големо финале, но никој меѓу нив не го направил тоа со 27 поени.
Јокиќ е и само вториот кошаркар кој е дебитант во едно финале, а направил трипл-дабл во првиот меч. Првиот е Џејсон Кид. Јокиќ направи 14 асистенции, што е убедливо најмногу асистенции за еден центар во историјата на НБА финалињата.
Досега само двајца кошаркари откако постои НБА-лигата во текот на еден плејоф имале 450+ поени, 200+ скока и 150+ асистенции. Тоа се Лери Бирд и Леброн Џејмс. Третиот е Никола Јокиќ.
Во составот на Денвер одлична партија имаше и Мареј кој постигна 26 поени, имаше и десет асистенции. Кај Мајами најдобар беше Адебајо со 26 поени и 13 скокови. Барлер имаше за него скромна партија со 13 поени.