сабота, 27 јули 2024

Импресивни партии на Ѓоковиќ и Шарапова на АО

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Ноле на централниот терен во Мелбурн мина 100 минути, само осум повеќе од првиот одигран меч кога освои дури 17 гема по ред против Италијанецот Лоренци. Во следната рунда Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со францускиот тенисер Николас Махут.

Му требаа сто минути за да дојде до 3.коло на АО: Новак Ѓоковиќ

Петтиот носител на турнирот, Шпанецот Давид Ферер, неочекувано имаше тежок меч против незгодниот Американец Рајан Свитинг кого го совлада во дури пет сета. Противникот водеше со 0-1, односно 1-2 во сетови, но Шпанецот успеа да направи пресврт и да остане во игра за висок пласман

 

Кај дамите, повеќе проблеми од очекуваното имаше втората носителка Петра Квитова, која тешко, со 2-1 во сетови ја совлада Шпанката Карла Суарез. Квитова, според статистиката, освои само три поени повеќе од шпанската тенисерка (81-78), а имаше дури 48 неизнудени грешки.

Затоа, пак, импресивен настап имаше четвртата носителка Марија Шарапова, која ѝ отстапи само еден гем на Џејми Хемптон. Лесно пласман во следната рунда обезбедија и Серена Вилијамс, Ана Ивановиќ, Вера Звонарева, а многу рано настапот во Мелбурн го завршија 17. носителка Доминика Чибулкова и 29. носителка Надја Петрова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ