По завршување на спортските активности, не треба да се заборави дека е од исклучително значење да се снабди телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата. Мускулите по трчање се исцрпени па неопходно е да внесеме доволна доза протеин како основа за градење здрава и квалитетна мускулна маса.
Трката „Биди своја” е прва од овој тип, ноќна трка за жени и деца во Битола. Женската трка беше долга 5 километри, а имаше околу 250 учесници, кои со старт од Офицерскиот дом, ги тестираа своите граници, волја и упорност под небото над битолските улици во предизвикувачки временски услови кои дадоа само дополнителен мотив да се стигне до целта.
Брендот Имлек протеин ја дава поддршката и помошта за одржување спортски настани, токму поради поврзаноста на протеините и физичката активност, како и нивната функција во нашето тело. Имлек протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин шејк 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.
Имлек протеин беше омилениот пијалак и на останатите трки каде беше присутен и ја даде својата поддршка, односно „Скопје трча”, „Охрид Ултра-Треил” и „Охрид Трчат”. До крај на годината продолжува со поддршката и најавува забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.
Комерцијален текст