Имлек протеин придонесе за возбудливата атмосфера со енергична зона, каде учесниците и навивачите можеа да ја обноват својата енергија со оптимална доза со Имлек протеин шејк и да се подготват за уште една акција за забава на интерактивните игри и активности како: скок во височина, спортски активности со пилатес топки и баланс борд. Присуството на Имлек протеин на маратонот ја нагласува важноста на снабдувањето на телото со протеини. После спортска активност мускулите се исцрпуваат, па од клучна важност е внесот на доволно протеини за нивна регенерација и градење мускулна маса.
Имлек протеин обезбедува 30 грама чист млечен протеин на порција од 300 мл. Без додаден шеќер и лактоза, со само 0,1% млечни масти, тој е идеален избор по напорна активност или по трката за градење и регенерирање на мускулите. Имлек протеин шејк е достапен во три вкусови: чоколадо, ванила и јагода во пакување од 300 мл и 500 мл.
Имлек протеин беше претставен и од тим од вработените на компанијата, кои беа дел од маратонот.
„Како компанија која ја вреднува важноста на спортот и здравиот начин на живот, не само што го поддржуваме Визер скопскиот маратон, туку активно учествуваме и ние самите. Ова е доказ за нашата посветеност кон поттикнување на здрави навики и поддршка на спортските активности“, велат од тимот на Бимилк.
Најпосакуваното протеинско задоволство на овој 20-ти Визер скопски маратон, како и на голем број на трки оваа година, беше Имлек протеин шејк кој што продолжува да ги поддржува сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени да зграбат Имлек протеин енергија и нови предизвици.
Комерцијален текст