понеделник, 21 октомври 2024
Транспаренси Интернешнл

Имињата на врховниот судија Наќе Георгиев и поранешниот омбудсман Иџет Мемети станаа матни

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, „Бистро-Матно“. Матните настани кои се издвоени се настанот во кој врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди со ОЈО ГОКК и признанието на вина на Иџет Мемети.

Објавено на

часот

Сподели

Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, велат од Транспаренси Интернешнл. 

Врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот за земање мито од синот на ексградончалникот на Ново Село Боро Стојчев и прифати да му биде изречена казна затвор во траење од три години, како и Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Во истиот случај, спогодба со обвинителството склучи и членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кој доби една година затвор условно и истата Забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Членот на Советот на јавни обвинители и поранешен народен правобранител, Иџет Мемети признал вина за примање награда за противзаконито влијание и се спогодил со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за условна казна.

Мемети доби и забрана за вршење на дејноста во наредните три години. Тој до Собранието поднел неотповиклива оставка како член на Совет на јавни обвинители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ