сабота, 19 октомври 2024

Имиџот на Шведска драстично се влоши по палењето на Куранот

Објавено на

часот

Сподели

Имиџот на Шведска се промени „од толерантна земја во земја непријателска кон исламот и муслиманите, каде што државата толерира напади врз муслимани и каде социјалните служби можат да киднапираат муслимански деца“, се вели во соопштението на САПО.

Сето ова го зголемува ризикот од поттикнување закани кон Шведска, и тоа „од поединци во рамки на насилното исламистичко милје“, и додава дека сегашниот ризик од тероризам во Шведска е сè уште на покачено ниво, односно на третото од петте нивоа.

Во Шведска, не постои законска забрана за палење или сквернавење на Куранот и други верски текстови. Како и многу западни земји, Шведска нема закон за богохулење, а Уставот го штити правото на демонстрација, што полицијата го дозволува се додека тоа не го нарушува јавниот живот и не ја загрозува јавната безбедност.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска го осуди сквернавењето на верските книги во Шведска и Данска, велејќи дека овие акти на „индивидуални провокатори имаат корист само за оние кои сакаат поделби“.

„Почитувањето на различностите е основна вредност на Европската унија. Ова вклучува почитување на другите верски заедници. Сквернавењето на Куранот, или која било друга книга што се смета за света, е навредливо, непочитување и јасна провокација. Изразите на расизам, ксенофобија и нетолеранција немаат место во ЕУ“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ