сабота, 27 јули 2024

Името на Трамп тргнато и од гласачкото ливче во Мејн

Демократската државна секретарка на Мејн вчера го тргна името на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од ливчето за претседателските избори повикувајќи се на клаузула за „учество во бунт“ во американскиот устав, со што стана првата изборна функционерка која еднострано презема акција која има потенцијални последици за изборниот колегиум.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Мејн има само четири електорски гласа, тоа е една од двете држави во кои тие се делат. Трамп освои еден електорски глас во Мејн во 2020, така што неговото исклучување од гласачките ливчиња, доколку се појави како републикански кандидат на општите избори, би можело да има големи импликации во трката за која се очекува да биде неизвесна.

Одлуката на државната секретарка на Мејн Шејна Белоуз следи по декемвриската пресуда на Врховниот суд на Колорадо со која Трамп е исклучен од гласачките ливчиња во согласност со Одделот 3 на 14-от амандман. Колорадо е држава која тежнее кон демократите за која не се очекува републиканците да имаат премногу шанси на изборите следната година.

Белоуз наведе дека Трамп повеќе не може да се кандидира за највисоката функција, бидејќи неговата улога во упадот во американски Капитол на 6 јануари 2021 претставува кршење на Одделот 3, кој им забранува функција на оние кои „учествувале во бунт“.

На нејзината одлука адвокатите на Трамп можат да вложат жалба во судовите во Мејн. Се очекува Врховниот суд на Соединетите Американски Држави да ја донесе конечната одлука за тоа дали Трамп и понатаму може да се кандидира за претседател на почетокот на следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ