сабота, 28 декември 2024
По одлуката на Уставниот суд

Имав 93 илјади денари плата, сега зедов 165 илјади денари, си кажа шефот на државата

Објавено на

часот

Сподели

Инаку, со „уставното одмрзнување“, сега од функционерите највисоки се платите на државниот врв, речиси 2,5 илјади евра. Води претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери со 166 лјади денари плата и нешто повеќе минат труд од претседателот Пендаровски кој има 165 илјади денари. Премиерот Димитар Ковачевски ќе добива 156 илјади денари плата.

Над 2.000 евра плата добиваат и вицепремиерите Артан Груби, Фатмир Битиќи, Славица Грковска, Бојан Маричиќ, како и министерката Славјанка Петровска, а блиску до примањата на државниот врв е пресметано дека ќе има и министерот Спасовски, односно нешто над 150 илјади денари.

По две илјади денари на ден повеќе плата имаат и пратениците во однос на досегашните примања. Зголемувањето ги опфаќа и останатите избрани и именувани функционери, меѓу кои и градоначалниците.

Сите функционери во своите изјави се за „сеопфатно“ законско решение за да не биде така голема разликата со платите на работниците, чии минимални примања се осум пати помали од тие на функционерите, а уште подрастична е разликата со пензиите. Некои пак, најавија донирање на разликата во платата, што сепак не може да е трајно лично решение.

Како и да е, до „сеопфатното решение“ платите на функционерите ќе си легнуваат „по ново“. Конечно, последниот збор ќе треба да го имаат пратениците со гласање. Дали ќе бидат сложни и по ова прашање од сферата на нивни привилегии, останува да се види.

                                                                                                                                                  П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ