сабота, 21 декември 2024

Имаме само еден функционален ер трактор, некој пак заборавил на редовниот сервис. Среќа заврна!

Авионот број 3 (регистрација Z3-BGV) не беше навремено сервисиран и сега е приземјен. Владата на Македонија во јануари објави тендер за сите три авиони. Во февруари доставивме понуда за сите 3 авиони. Два се сервисирани во јуни-јули, а третиот е приземјен. Штедење на пари?  Не знам. Ова во изјава за МКД.мк го вели Хуго Арчео, еден од менаџерите на Ер трактор Јуропе, компанија сестра на шпанската компанија Титан за сервисирање на ер-трактори.

Објавено на

часот

Сподели

За сегашната ситуација на македонските ер трактори Арчео вели дека на авионот со регистрација Z3- BGT тече масло и тоа не е голем проблем, ама треба време. Авионот со регистрација Z3-BGU е ОК, вели во изјавта за МКД.мк Арчео.

Зошто Дирекција за спасување, надлежна за ер тракторите одлучила да врши редовен сервис само на два авиони?

Вчера директорот на оваа дирекција Џеват Селами само ја потврди инфромацијата дека имаат само еден функционален ер трактор.

„Едниот авион треба да се сервисира, другиот го поправивме со механичари од Шпанија, ама пак се појави истиот проблем. Моментално само едниот авион е во употреба, а за другиот ќе видиме до утре каква ќе биде состојбата и дали ќе може да лета“, рече Селами.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера изјави дека во моментов немало потреба од други летала за пожарот во прилепско, бидејќи ер-тракторот се користел само превентивно.

И два хеликоптери на МВР се во дефект поради активности во гасење на пожарите низ земјава, потврди МВР.

Со еден од нив се вршеше и медицински транспорт. Третиот активен хеликоптер на МВР е на редовен сервис. Од МВР велат дека се чекаат експерти од Шведска за да се санираат дефектите, и повторно да бидат во употреба хеликоптерите.

„При овие интензивни активности, кај хеликоптерот Бел-412 се појави дефект, кој заедно со експерти од Шведска очекуваме да го санираме и да биде повторно вратен во употреба во текот на неделата. Кај хеликоптерот Ми 171, пак, по утврден дефект, нашите стручни лица преземаат максимални напори да се врати што побрзо во употреба“, изјави Гоце Андреевски од МВР.

Среќа заврна!

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ